top of page

Mојот тим брои 4 учесници и нашиот проект е помагање на наш врсник кој го одбравме како наша целна група. Освен хуманоста која е најважна во овој проект, има и дружење како и добивање на нови знаења.

Најдобро поминато лето исполнето со дружба и учење

 

 

Навистина и бев благодарна на Микросам академијата што ми ја даде таа шанса да бидам дел од летниот клуб. Имавме голем број на презентации и предавања од видни професори и доктори на науки, од кои научив многу за секоја од научните области и дисциплини. Со помош на часовите за програмирање, C++ и MathLab ги усовршив своите информатички и математички вештини. За моја завршна презентација ја избрав темата „Web Design“ (Веб дизајн) со која едноставно сакав да докажам дека секој човек може да биде веб дизајнер. Истовремено добив и награда за објавените статии на Википедија.

Уште од мојата прва година во средното училите по препорака станав член на маркетинг план тимот. Бев најмлад и најнов член на тимот, но сепак за брзо време се вклопив и дадов се од себе за успешното работење на тимот кое резултираше со прва награда за маркетинг план. Ова за мене беше прво искуство за работа во тим. Се надевам дека ќе останам во овој тим се до завршувањето на средното образование.

Пишување на проза-бегање во нов свет

Кога некој ќе ми каже напиши нешто на слободна тема, мозокот ми се преокупира со идеи. Најмногу сакам да пишувам љубовни настани и случки кои што ги гледам околу себе.

За мене најдраги награди се:

-Прво место: „Есеј за 11 октомври“

-Трето место во категорија проза: „Првата љубов на Агнес“

Во мојата глава имам уште многу незапишани и неопишани идеи, а се надевам дека некои од нив ке ми донесат награди.

Член на тимот за Маркетинг план

Активен член на локалната младинска организација во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“-Прилеп

Младинската организација е одлично место за дружење, учење и истакнување на личните способности, воедно и учење како да се биде тимски играч. Да се биде член е чувство дека некаде припаѓате, бидејќи ние сме едно големо семејство.

За време на моето членство учествував во:

-Новогодишен панаѓур (2013-2014)

-Натпревари на МАССУМ - 2014

-Изработка на лого за Питу Забава (Pitu Party)

Учесник во проектот „Промоција на хумани вредности“ на “Црвениот крст во акција“-Прилеп

Како и минатат година така и оваа, бев дел од тимот кој изработуваше честитки и чоколадни лижалчиња по повод новогодишните и Божиќните празници. Изработувавме сите организирано, а потоа изработките ги продававме. За време на празникот Св.Никола, заедно со соучениците, имавме штанд за продажба во центарот на градот. Потоа, бев присутна на новогодишната забава на „Орифлем“ каде што, со гордост кажувам, не остана ништо во нашите корпи за продажба. Сите парични средства кој што ги заработивме ги донираме во дневниот центар за лица со посебни потреби „ЅУНИЦА“ во Прилеп.

 

Хуманитарна акција за децата од Прилепската градинка „Гоце Делчев“

За прв пат оваа година се организираше и хуманитарна акција за децата од прилепската градинка „Гоце Делчев“. Во рамките на оваа акција учествував во изработката и декорирање на рачно изработени честитки, чоколандни лижавчиња и хартиени елки. Потоа, нормално, како и сите, учествував во нивната продажба. Сите парични средства што ги заработивме од акцијата, ги донираме во градинката.

Изработка на покани за патрон празник и картички за градски и приградски превоз, како и други изработки

Дизајнирав покани за нашиот патрон празник, изработив картички за градски и приградски превоз за децата од моето училште, беџови за членовите на маркетинг планот, рекламни материјали за виртуелната компанија „Гламур“, влезници за „Питу Забава“ и други презентации за претставување на училиштето. Предлог постер за МАССУМ.

Хуманитарна акција за децата со посебни потреби од дневниот центар „Ѕуница“

bottom of page