top of page

Лична карта

Јас сум Теодора Петровска од Прилеп. Родена сум во 1998 година во третиот ден од студениот месец декември. Можеби поради студенилото од надвор топлината си ја носам од внатре и ме грее. Со основно образование се стекнав во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп. Просечната оценка на целокупното мое досегашно образование е 5,0. Во периодот за избор на средно училишите во кое ќе го продолжам образованието се одлучив за образовниот профил економски техничар во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп  само поради една причина: математиката. Сега посетувам настава во втора година во средното училиште и во наредните години сакам да стекнам уште многу знаења и да вложам максимум енергија за постигнување на врвни резултати.

Карактеристики

  • тимски играч

  • одличен лидер

  • 100% посветена

  • упорна

  • организирана

  • комуникативна

  • спремна за соработка

  • не прифаќа НЕ за одговор

  • спремна да помогне

  • презема ризик

  • не се откажува

Поглед кон моите успеси и иднината

Сето она што досега сум го направила и достигнала е резултат на мојот труд и искуство за понатамошна работа. Сите дипломи, благодарници, признанија и сертификати кои сум ги добила ми се значајни, бидејќи ги добив како резултат на вложениот труд, работа и посветеност. Сето она што сум го научила сакам да го пренесам на другите и со тоа да им помогнам да успеат. 

Се сметам за човек полн со идеи и смисла за дизајн па затоа својата иднина ја гледам во маркетингот (рекламата го продава производот) и графичкиот дизајн (како спој на моите три омилени нешта: дизајн, математика, информатика). 

Најголемиот сон ми е да создадам своја маркетинг компанија во која ќе работат врвни маркетинг менаџери и дизајнери - компанија која ќе го освои пазарот не само во државата туку и во светот. Но, тоа е еден голем сон. На чекор пред него би сакала да бидам вработена како главен маркетинг менаџер во најголемата компанија во државата и неа да ја претставам на целиот свет.

 

Способности

  • Open Office

  • Microsoft Office (Word, PowerPoint,Excel, Publisher...)

  • Corel Draw

  • Photoshop

  • Artisteer

  • Code Bloks

  • MathLab

  • Microsoft Visual Studio

  • AAA Logo

  • Logo Maker Pro

  • Microsoft Movie Maker

  • Pizap

  • ProShow Gold

Јазици

  • Македонски

  • Англиски

  • Германски

  • Српски

bottom of page